уторак, 4. септембар 2012.

ПОЈАВАТА НА ИГРАЊЕТО И ИГРИТЕ

Играта е најважна активност на предучилишното дете.

Играта има општествени корења и по својата природа е социјална.
Значи, играта има социјално потекло.
Истотака, играта и воспитувањето се јавуваат заедно и меѓусебно тесно и заемно се поврзуваат.
Во своите содражини,пак, игрите го покажуваат сфаќањето и односот
на детето спрема општествена средина што го опкружува.
Детето во своите игри го реконструира она што го прават возрасните околу него, се обидува да ги сфати нивните односи. А она што го поттикнува предучилишното дете да игра е желбата да дејствува како возрасните.
Потеклото на играта се наоѓа и во самата природа на детето.
Преку играњето предучилишното дете, всушност, ги задоволува имагинативно незадоволените желби и потреби. Кај тригодишното дете веќе е забележителен мотивот да го прави она што го прават возрасните. Но бидејќи не може да ги изведува нивните активности,тоа се обидува истите да ги изведува имагинитивно преку играњето. Така, додека во раното детство детето исцело е зафатено со предметите - предметната игра, сега почнува да се интересира за манирите на возрасните - тие стануваат модели кон кои тоа се стреми. Играњето тогаш се јавува како симболичка игра преку која детето ги наметнува реалноста околу него. Преку играта детето може да ги оствари забранетите желби зашто ги видоизменува во прифатлив облик.
Значи, во текот на психичкиот развој на детето се создаваат предуслови и потреби од нов вид активности, кои се посложени од предходните, како што е симболичката игра која суштествено е поинаква и претставува нова обноска во однос на дотогашната чисто предметна игра.Оттука со право може да се рече дека посложените форми на игровните акривности, какошто се симболичките игри, а подоцна и игрите со правила - дидактичките игри, потекнуваат од самата психолошка природа на детето. 
Играта има и биолошки корени.
Тоа значи дека детето се раѓа во недозреан облик и неговата обноска  е во зависност од возрасните и потребата од нега и заштита, способноста да учат врз основа на минатото искуство и по пат на набљудување на другите.На ваков начин се создадени предуслови во текот на продолженото детство да се јават нови и посложени облици на обноски кај детето, какошто е играњето симболички игри и игри со правила.

ЕК

Нема коментара:

Постави коментар